Оперативниот систем HongmengOS кој го развива кинеската компанија Huawei, ќе биде побрз од ривалските оперативни системи и ќе има многу „пораспространета“ примена.
Освен за паметните телефони, новиот оперативен систем на Huawei ќе може да го користат и рутерите, таблетите, компјутерите и дата центрите.
Ова во интервју за францускиот магазин “Le Point” го изјави извршниот директор и основачот на кинескиот технолошки гигант, Рен Женгфеи.
Тој нагласи дека новиот оперативен систем HongmengOS ќе биде побрз од оперативниот систем Android на Google и iOS на Apple, односно дека ќе има помалку од пет милисекунди доцнење во процесирањето, што е навистина импресивно.
И покрај тоа што властите од Вашингтон неодамна ги ублажија санкциите кон Huawei, сепак кинескиот гигант нема да се откаже од развојот на сопствениот оперативен систем, порача Женгфеи.
Засега не е познато кога би можел новиот оперативен систем да пристигне кај уредите на Huawei и дали кинеската компанија целосно ќе го исфрли Android.
Извор: B92.net