Се поинтензивните летни жештини предизвикани од климатските промени, би можеле да доведат до губење на околу 80 милиони работни места до 2030 година. Притоа, најтешко би биле погодени сиромашните земји, предупредуваат Обединетите Нации (ОН).
Растот на температурите за 1,5 степени Целзиусови до крајот на овој век, би можел да резултира со намалување на бројот на работни часови за 2,2%, што одговара на бројка од 80 милиони загубени работни места со полно работно време, согласно проекциите на ОН. Трошокот за глобалната економија би изнесувал 2.400 милијарди УСД, а луѓето не би можеле да работат поради здравствените ризици кои ги носат високите температури.
Светската здравствена организација соопшти дека топлотниот удар поврзан со климатските промени ќе предизвика 38.000 дополнителни смртни случаи годишно ширум светот помеѓу 2030 и 2050 година. Со тоа највеќе ќе бидат погодени земјоделците, посебно жените во тој сектор.
Поврзани артикли