Бројот на претплатници во мобилна телефонија во првиот квартал годинава изнесува 1.948.535, од кои 877.186 при пејд, а 813.367 постпејд резиденцијални, како и 257.982 постпејд деловни претплатници, објави Агенцијата за електронски комуникации.
Според информациите за состојбата со пазарот на електронски комуникации во мобилна и фиксна телефонија, во првиот квартал годинава е реализиран сообраќај од 1.311.733.709 минути.
Во вкупниот број на активни претплатници оне. ВИП има удел од 49,44 проценти, „Македонски телеком“ од 48,27 проценти, „Лајкамобајл“ од 2,08 проценти, а „Роби“ од 0,2 проценти.
Според приходи, најголем е уделот на „Македонски телеком“ (51,72 проценти), на „оне. ВИП“ изнесува 47,51 процент, на „Лајкамобајл“ е 0,57 проценти.
Во првиот квартал во државава биле регистрирани 386.966 фиксни линии, преку кои се реализирани 47.037.160 минути сообраќај.
Поврзани артикли