Русија планира да го истражува природниот сателит на Земјата со помош на роботи со елементи на вештачка интелигенција, истакнаа од Државната корпорација за вселенски активности, Роскосмос.
„Учеството на луѓе во оваа програма е складно комбинирано со користење роботи со елементи на вештачка интелигенција“, наведува Роскосмос.
Роботизираните системи ќе бидат максимално користени во истражување на Месечината за да бидат намалени евентуалните ризици по здравјето на луѓето, како и трошоците на програмата во целина.
Кон крајот на 2018 година Руската академија на науките усвои концепт на домашна лунарна програма, но издаде инструкции како да биде применет. Роскосмос тогаш соопшти дека програмата ќе биде применета во неколку етапи до 2040 година.
Димтириј Рогозин, шеф на Роскосмос, во текот на презентација на Државниот универзитет во Москва, изјави дека руските астронаути ќе слетаат на Месечината во 2030 година.
Извор: Srbija Danas
Поврзани артикли