Ако Apple би одлучил целосно да го произведува iPhone во Америка, неговата цена би била астрономска. Всушност, експертите проценуваат дека еден iPhone би чинел помеѓу 30.000 и 100.000 долари.
Всушност, ако Apple би одлучил iPhone комплетно да се произведува во САД, можеби дури и тоа не би успеало.
А во случај сепак успее да ја направи оваа производствена транзиција, капацитетот би изнесувал само неколку милиони уреди годишно.
Главниот проблем не се однесува на скапата цена на работната рака во Америка, туку во синџирот на испорака и разликата во потребните вештини кои се потребни за да направат стотици милиони iPhone уреди со врвен квалитет.
Како што изјвил извршниот дирктор Тим Кук, на работниците во САД им недостасуваат клучни вештини, а за нивното стекнување се потребни години тренинг и пракса.
А тоа е нешто што Кина сериозно го прави во последните три децении, додека другите земји отиодоа во друг правец и целосно ги занемариле.
Уште еден голем проблем е синџирот на испорака, поточно, брзината на добивање на потребните материјали а и компоненти за склопување на iPhone.
Седум од десетте најголеми пристаништа се наоѓаат во Кина.
Малиот број произведени единици сигурно ќе доведат до драстично зголемување на цените кои ќе го претворат iPhone во луксузен предмет кој би бил произведен во таква количина што би бил достапен само за 1 процент од луѓето на планетава.
Како резултат на тоа, неговата цена сигурно би била од 30.000 до 100.000 долари.
Извор: Blic.rs