За паркирање на позиција предвидена за возачи со инвалидитет во јужниот сосед, ќе ви бидат одземени и дозволата и табличките.
Грција важи за една од земјите со најригорозни закони за патен сообраќај, но досега многу од построгите казни ретко се применувале во пракса. Работите сепак може да се сменат по влегувањето во сила на новиот Кривичен законик, од 1 јули 2019. Тој предвидува казна затвор до 3 години дури за „лесни“ прекршоци, а за потешките дури и до 10 години затвор.
Еве некои од позначајните казни во сеуште важечкиот закон:
Безбедносен ремен и кацига
- За возење без безбедносен ремен во Грција дозволата ќе ви биде одземена на 10 дена, а паричникот ќе ви биде „полесен“ за 350 евра
- патник без безбедносен ремен – 350 евра
- мотоциклист без безбедносен шлем – 350 евра и одземање на дозволата на 10 дена
Неприлагодена брзина на движење
- надминување на брзината до 20 km/h – 40 евра
- надминување на брзината до 30 km/h – 100 евра
- над 30 km/h – 350 евра и одземање на дозволата на 60 дена
Возење под дејство на алкохол
- возење под дејство на алкохол (помеѓу 0,5 и 0,8 промили во крвта) – 200 евра
- возење под дејство на алкохол (помеѓу 0,8 и 1,1 во крвта) – 700 евра и одземање на дозволата на 90 дена
- возење под дејство на алкохол (над 1,1 во крвта) – 1200 евра парична казна, одземање на дозволата на период од 180 дена и затвор до 3 години (според новиот КЗ)
- возење под влијание на дрога или опојни материи – минимум 200 евра парична казна, одземање на дозволата по меѓу 90 и 180 дена, и лишување од слобода до 3 години
- предизвикана штета на друго лице – до 10 години затвор. За предизвикување незгода со смртни последици следува доживотен затвор (според новиот закон)
Неправилно претекнување, пресекување на патот…
- неправилно претекнување – 700 евра, одземање на дозволата и регистарските таблички на 20 дена
- поминување на црвено светло – 700 евра, одземање на дозволата и регистарските таблички на 20 дена
- не запирање на знакот Стоп – 700 евра, одземање на дозволата и регистарските таблички на 20 дена
- неправилно преминување на премин – 700 евра, одземање на дозволата на 60 дена и регистарските таблички на 20 дена
Неправилно паркирање
- паркинг на место со возачи со инвалидитет – 150 евра и одземање на дозволата и регистарските таблички на 10 дена
- неправилно паркирање – 80 евра, одземање на дозволата на 10 дена и регистарските таблички на 20 дена
Телефони и антирадари
- мотоциклист кој зборува на телефон – 150 евра и одземање на дозволата на 30 дена
- возач кој зборува на телефон без употреба на hands-free – 100 евра и одземање на дозволата на 30 дена
- користење на антирадари или детектори за радар – 2.000 евра, одземање на дозволата на 30 дена и регистарските таблички на 60 дена
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли