Германските власти го казнија Facebook со два милиони евра, согласно законот кој се бори против говор на омраза.
Федералната канцеларија за правда соопшти денеска дека Facebook не ги исполнил барањата за транспарентност при решавање на поплаки за говор на омраза.
Извештајот на таа социјална мрежа за првата половина на 2018 година не го одразува вистинскиот број жалби на сомнителни незаконски содржини, што во Германија подразбира и антисемитски навреди и материјали наменети за поттикнување омраза кон лица или групи, врз основа на нивната религиска или етничка припадност.
Федералната канцеларија посочи и дека постојат нецелосни информации за јазичките вештини и обуката на персоналот задолжен за обработка на жалбите за говор на омраза.