Време е на летните одмори и без оглед на тоа колку високи температури ве очекуваат за време на патувањето, добро е да се потсетите на некои од најважните работи пред да заминете на пат.
Пред патувањето, мора добро да се одморите, а за време на патувањето пожелни се барем кратки застанувања на паркинг одморалиштата особено при долги патувања (на секои два часа возење). Подгответе го добро возилото за летните услови за возење.
Во автомобилот секогаш имајте доволно течности, вода и негазирани сокови.
Важно е правилно да се регулира клима уредот во возилото, односно температурната разлика помеѓу салонот и надвор не смее да биде превисока, најдобро до осум степени. Големата разлика е особено опасна ако во возилото има и мало дете.
Секогаш пред да заминете на пат, информирајте се за состојбата на патиштата и граничните премини.
Извор: Додај Гас