Во снимката што го прикажува рускиот нуклеарен мразокршач „Џамал“ може да се види бескрајната убавина на Арктикот.
Екстремните услови на Арктикот не беа предизвик за атомскиот мразокршач од 75.000 коњски сили, кој се движеше низ непроодните пространства на Северната морска рута, прекриена со дебел мраз.
Импресивната снимка е создадена во текот на март 2018 година при поминувањето преку Баренцовото Море до Нова Земја.
„Ги видовме северните светла и поларните мечки, а видовме и брод што остана заробен во мразот“, рече членот на екипажот, Андреј Јефимов.