Моментно Oppo Reno Z е достапен само во Кина, но од следната недела ќе се појави и во Европа, почнувајќи од пазарот во Холандија. Телефонот во продавниците ќе се најде од 5. јули, по цена од 349 евра за 4GB/128GB варијанта, во црна и виолетова боја.
Reno Z го покренува Helio P90 чипсет, а за разлика од Reno и Reno 10x zoom Edition моделите, телефонот има дисплеј со големина од 6,4 инчи со засек. Во засекот е сместена 32MP камера за селфи и видео повици, додека на задната страна се наоѓа систем со две камери, кои ги сочинуваат 48MP главен и 5MP depth сензор.
Oppo Reno Z пристигнува со сензор за отпечатоци на прсти во екранот, а го напојува 4035mAh батерија со поддршка за 20W VOOC 3.0 брзо полнење.