Retro Games и Koch Media планираат повторно да го објават Commodore 64, кој ќе ја наследи постоечката “THEC64 Mini” микро-конзола и ќе претставува комплетна реплика во целосна големина на класичниот куќен компјутер.
Новиот “THEC64” ќе се испорачува со целосно функционална тастатура, која ќе му овозможи на компјутерот да користи BASIC програмски јазик без потреба од користење на екстерна USB тастатура. На овој начин ќе се креира уште поавтентично Commodore 64 искуство.
Покрај THEC63 Mini моделот, THEC64 ќе се испорачува и со 64 игри и можност за приказ на видеото преку HDMI @720p во Pixel Perfect 4:3 формат, со целосна ширина, CRT филтри и дисплеј мод опции. Софтверските ажурирања за уредот, исто така, ќе бидат достапни преку USB. За разлика од THEC64 Mini верзијата, THEC64 се испорачува со ажуриран џојстик, кој има микро свичеви.
THEC64 ќе биде објавен на 5. декември и ќе чини 120 долари.