Едно од решенијата кои го смислила компанијата е поставување на камера внатре во ременот на Apple Watch.
Apple Watch никогаш не доаѓаше со интегрирана камера и не е сигурно дали некогаш ќе ја има. Меѓутоа, неодамна откриениот патент укажува на тоа дека Apple размислува за идејата да им овозможи на луѓето да фотографираат од нивниот зглоб. Едно од решенијата кои го смислиле е поставување на камера внатре во ременот на Apple Watch.
Во патентот се наведува дека ,,оптичкиот сензор” се наоѓа на едниот крај на флексибилниот каиш, така што корисниците би можеле да го движат за да направат фотографија без потреба да го виткаат зглобот. На тој начин ремчето би можело лесно да се повлече со цел да сними фотографија на она што е во предниот дел на корисниците или да е свртена кон вас за да направите селфи. Патентот исто така, предвидува каиш со две камери свртени во спротивни оптички насоки, така што е можно да се фотографира од двете страни на каишот. Кога не се користи камерата може лесно да се отстрани во самото ремче.
Ова не би била првата имплементација на таквата идеја, тоа е нешто што сме го виделе на Samsung Galaxy Gear пред многу години. Дали тоа ќе го направи Apple е сосема друга работа. Самиот патент не гарантира дека ова некогаш ќе ја види светлината на денот.
Извор: PC Press.rs
Поврзани артикли