Компанијата Apple се подготвува за голем и значаен чекор, бидејќи наесен нејзините уреди iPhone, iPad и Apple TV ќе поддржуваат контролери наменети за конзолите Xbox и PlayStation 4.
Се работи за навистина голема промена во однос на избраните MFI Bluetooth контролери кои бea поддржани претходно, а ќе овозможи лесно поврзување на било кој контролер за PS4 или Xbox One со уред на Apple со цел на играње игри.
The Verge објави дека неговиот новинар веќе го испробал контролерот за Xbox One S на iPad Pro и дека е уверен дека се работи за чекор напред кон користење на iPad како преносна играчка конзола.
With Console Streaming from your Xbox One you'll be able to:
✅ Turn your Xbox One into your own personal console server
✅ Stream your Xbox One library, including Xbox Game Pass, for freeWhere you play is entirely your choice. Going into preview in October. #XboxE3 pic.twitter.com/TmszGgBk21
— Xbox (@Xbox) June 9, 2019
Додека PS4 DualShock 4 контролерите поддржуваат Bluetooth и работат без проблеми, кога се работи за контролерот за Xbox, тој мора да поддржува Bluetooth. Ако поседува влез за слушалки од долната страна, тогаш е сигурно компатибилен. Можно е и да се провери горниот дел на контролерот за да се востанови дали има Bluetooth, но оваа технологија ја поседуваат поголем дел од модерните Xbox One контролери.
Поддршката за PS4 и Xbox One контролери е проширена и на Apple TV, така што ќе биде можно да се поврзуваат контролери и да се играат поддржани игри на поголем екран.
Поврзани артикли