Роботите би можеле да заменат 20 милиони работни места во индустријата во светот до 2030. година, со што би ги влошиле социјалните и географски нееднаквости, но тоа позитивно би влијаело на економскиот раст.
Најмногу ќе бидат погодени работните места со најмали квалификации и тоа на нееднаков начин по земји или во рамките на своите земји, надведува Oxford Economics.
Роботите веќе заземаа неколку милиони работни места од луѓето во индустријата, а тој тренд напредува во другите области, благодарение на модерната технологија и вештачката интелигенција, наведува британското аналитичко биро во извештајот во кој се разгледува и економскиот аспект на употреба на роботи.
Многу аналитичари, меѓутоа, сметаат дека автоматизацијата во воопштена смисла повеќе допринела за создавање отколку укинување на работните места, но е создаден поголем јаз помеѓу работните места со повисоки и пониски квалификации, така што бројните работници останале без работа.
Роботизацијата ќе влијае на зголемување на продуктивноста и на земјоделскиот раст, сметаат експертите, проценувајќи дека светската економија би можела да има профит до 5000 милијарди долари до 2030. година.
Експертите, исто така, укажуваат дека најмногу ќе бидат погодени работните места со повторувачки дејства, како и работните места во центрите за логистика.
Работните места кои бараат “сочувство, креативност и рационална интелигенција” ќе останат во рацете на луѓето со децении, се наведува во извештајот и додава дека роботите сепак ќе бидат поприсутни во трговијата, здравството, угостителството, сообраќајот и земјоделието.