Пластиката за еднократна употреба се трансформира во подна облога.
Пластичниот отпад е голем проблем на денешниот свет, па затоа во Ford решиле да дадат свој придонес во неговото решавање.
Секој нов примерок на SUV моделот EcoSport доаѓа со теписи направени од 470 пластични шишиња за еднократна употреба. Од премиерата на овој модел во 2012 година, Ford досега искористил повеќе од 650 милиони шишиња од 0,5 литри. Вкупната маса на рециклираниот материјал досега изнесува околу 8.262 тони, а сликовито, ако би се споиле во низа, шишињата би го обиколиле светот повеќе од два пати.
Рециклирани пластични шишиња за ентериерот во своите возила, Ford користи повеќе од две децении, а технологијата првично била применета во Mondeо. Во изминатите 20 години Ford рециклирал 1,2 милијарди шишиња годишно на глобално ниво.
„Клиентите станаа еколошки префинети, увидувајќи ја штетата предизвикана со фрлањето на пластиката. Ние веќе долго време сме во мисијата која значи пропорционално зголемување на учеството на обновливи и рециклирачки материјали, кои се користат во секој нов автомобил кој ние го произведуваме“, вели Тони Ведерхед, инженер за материјали во Ford Motor Company.
За да се направат овие теписи, шишињата и капачињата се мелат во многу ситни лушпи. Тие потоа се загреваат на температура до 2600С со што се топат, а потоа се трансформираат во влакна како оние на главата на човекот. Од овие влакна потоа се предиво се произведува подната облога за возилата на Ford.
Извор: Додај Гас