Колку пати ова сте го проживеале – го вклучувате глувчето во компјутерот преку USB, не влегува, го вртите приклучокот, повторно не влегува, па го враќате во првобитна положба и потоа од некоја причина се вклучува. Како што стојат работите, вашата фрустрација ја дели и самиот изумител на USB.
Intel во 1996. година го претстаави првиот USB порт и со самото тоа се промени техношкиот свет. National Public Radio, за време на неодамнешното интервју со креаторот на приклучокот, Ејџеј Бат разговараше околу дизајнот и проблемите кои ги мачат луѓето кои не успеваат „од прва, или од втора“ да го приклучат USB портот.
„Најиритантната работа во врска со USB е тоа што можете да го ротирате“, вели Бат кој сепак мисли дека дизајнот на USB 1.0 бил исправен и оправдан.
Причината зошто USB се поврзува само на една страна лежи во цената на производот. Доколку сето тоа било дизајнирано за да може да се приклучува од двете страни, тогаш ќе требало да биде инсталирана двојна доза на електроника (по една за секоја страна), што целата работа ќе ја направело непотребно поскапа.
„Се сеќавам на моментот кога го завршив дизајнот на влезот и сите негови недостатоци кои не прогонуваа со години. Се согласувам дека стануваше збор за комплицирано решение“, изјави Бат.
За среќа на сите оние кои се мачеа со приклучувањето и не им се допаѓаше дизајнот, сега постои USB-C приклучокот кој може да се вклучи на двете страни.
Поврзани артикли