Извршниот директор на компанијата Xiaomi, Леи Јун на страниците на Weibo објави стратегија кога се во прашање брендовите на компанијата и линиите на телефони во рамките на Mi и Redmi сериите. Покрај ова, истакнато е дека оваа година нема да има наследник на Mi Max и Mi Note линиите.
Јун истакна дека Mi брендот ќе продолжи да се фокусира на моделите со високи перформанси, имплементирајќи ги најновите иновации (како Mi 9, Mi Mix серијата и претстојната CC линија). Од друга страна, Redmi брендот ќе испорачува и подостапни телефони со сите битни карактеристики.
Mi Max серијата беше популарна поради своите големи дисплеи и траење на батеријата, додека Mi Note беше линија на Xiaomi од средниот сегмент. Redmi K20 линијата може да се посматра како спиритуален наследник на Mi Note линијата, но недостатокот на моќен уред со голем екран и издржлива батерија, како што е Mi Max, ќе создаде празнина во категоријата на големи екрани.
Иако Xiaomi официјално не престана со производство на Max и Note линиите, се истакнува дека нивната иднина не изгледа позитивно.