Иднината на движењето и мобилноста е во електричните и хибридни возила. Капитол мол го организира Хибрид фест од 25 до 27 јуни – 3 дена посветени на еко автомобили, скутери, тротинети и велосипеди.

„Постојано се соочуваме со предизвиците на урбаниот начин на живеење. Низ годините загадувањето и глобалното затоплување станаа проблем за сите, како во целиот свет, така и кај нас. Големите компании и умови со децении работат на истражување, методи и решенија кои ќе ни помогнат да ги надминеме. Според еко трендовите кои ни доаѓаат, иднината на мобилноста е во електричните и хибридни возила. За нашите посетители и сите заинтересирани да се информираат и да ги видат еко превозните средства го организираме првиот Хибрид фест заедно со ProCredit Bank, Toyota Hybrid, Hamachi и MS Energy.“, велат организаторите, Капитол мол.

Хибрид фест се одржува од 25 до 27 јуни и тоа во периодот од 18.00 до 21.00 часот. За време на настанот ќе има и можности за тестирање на возилата. Повеќе информации може да се најдат и на: https://www.facebook.com/capitolmall/ и http://capitolmall.mk/.