Наскоро, оперативниот систем за iPhone, iOS 13 ќе може да ги вчитува и официјалните документи како личните карти, а Германија ќе го воведе тоа како можност.
Така, новиот софтвер на Apple на жителите ќе им овозможи да ги скенираат личните карти, дозволите за престој и биометриските пасоши на нивните ајфони.
Ова не е првата најавена поддршка за идентификација. И Јапонците ќе можат да ги скенираат личните карти, додека Велика Британија ќе ги користи за да им овозможи на граѓаните на ЕУ да ги скенираат пасошите, без оглед дали ќе се случи Брегзит или не.
Ова не мора да значи дека ќе биде во широка употреба. Додека NFC (Near-field communication) системот е сигурен, Германија е добро позната по тоа што има висока свест за приватност – луѓето можеби нема да сакаат да ги зачуваат нивните лични карти на ајфоните, дури и ако се добро заклучени.
Извор: Engadget