Конкуренцијата во областа на брзите полначи станува се поостра.
Иако би можело да се каже дека достигнавме ниво каде што брзините на полнење се доста пристојни, каде што за само половина час батеријата се полни за над 50 проценти, се чини дека за компаниите нема застанување. Во текот на изминатата година добивме полначи од 30W и 40W (OnePlus и Huawei), а оваа година Oppo Find X беше прв што доби исклучително брзо 50W SuperVOOC Flash Charge полнење. Но, Vivo сака да ги надмине сите.
Компанијата Vivo ги објави плановите за речиси нереалното 120W Super FlashCharge полнење. Според официјалните податоци, односно тврдењата на производителот, овој полнач ќе биде во состојба да полни 50 проценти од батеријата од 4000 mAh за само 5 минути, додека за целосно полнење ќе биде потребно само 13 минути. Нереални бројки, нели? Ќе видиме како ќе се покажат во пракса, како и долготрајноста на таквата батерија.
Производителите на мобилни телефони се подготвуваат за MWC Shanghai 2019, кој ќе се одржи следната недела. Vivo очекува да биде подготвен во живо да ја демонстрира оваа технологија за посетителите, заедно со 5G смартфонот кој овој пат нема да биде никаква модификација на постојниот телефон, туку наменски креиран уред.
Извор: PC Press.rs