Xiaomi може да претстави нов паметен телефон со брендот Redmi, кој ќе вклучува и главна камера со сензор од 64 мегапиксели. Информации за ова сподели „Ice Universe“, во кинеската социјална мрежа Weibo.
Според него, компанијата ќе го користи неодамна објавениот производ на Samsung – 64MP ISOCELL Bright GW1, кој очекуваме да биде интегриран во некои од претстојните паметни телефони во серијата Galaxy A.
Сепак, сосема е веројатно дека Корејците први ќе пуштат паметен телефон со свој сензор. Тoj ќе располага со технологијата Tetracell за комбинирање на четири пиксели во едеен, овозможувајќи подетални слики со намален шум во услови на недоволно амбиентално осветлување.
Големината на пиксели на овој сензор е 0,8μm и се очекува да понуди подобар динамички опсег при фотографирање.
Поврзани артикли