Научниците соопштија дека неодамна беа откриени две нови планети во нашата галаксија, кои се слични на Земјата. Според нив, овие планети имаат карактеристики толку блиски на Земјата што веднаш беа сместени помеѓу 20-те кандидати за колонизација.
Двете нови планети орбитираат околу ѕвезда во близина на нашата планета, која се нарекува Teegarden. Тие се оддалечени 12,5 светлосни години оттука и се наоѓаат во соѕвездието Ариес, а им беа дадени имињата Teegargen b и Teegarden c
Teegarden е џуџеста ѕвезда која е десет пати посветла од Сонцето, а е стара осум милијарди години и првпат беше забележана во 2003 година. Поради оддалеченоста и потеклото на ѕвездата, се претпоставува дека планетите се древно стари, така што животот каков што го знаеме имал доволно време за да еволуира таму. Засега, ѕвездата е прилично мирна и стабилна и не се забележани земјотреси и ерупции на нејзината површина.
„Двете планети се слични една на друга, како и слични на Земјата. Тие се наоѓаат во нашиот сончев систем. Тие се само малку потешки од Земјата и се наоѓаат во таканаречената зона на населување каде што водата би можела да биде присутна во течна форма“, пишува во истражувањето.
Постојат 60% веројатност дека ѕвездата Teegarden би можело да ги загрева планетите доволно за да може да опстојуваат луѓе (како и останат жив свет) на нивната површина. Teegarden b има поголема веројатност за пристојна температура, бидејќи проценките велат дека на нејзината површина би имало од 0 до 50 Целзиусови степени, додека просечната температура би требало да е околу 28 степени. Со оглед на масата и минималната изложеност на радијација, Teegarden b доби највисок ESI (Earth Similaritys Index) на сите времиња. Патот околу гореспоменатата ѕвезда таа го поминува за 4,9 земски денови.
Според температурата, Teegarden c е многу поблиска до Марс, бидејќи проценките велат дека таа изнесува околу 47 степени под нулата на нејзината површина. Оваа егзопланета прави еден круг околу ѕвездата Teegarden за 11,4 земски денови.
Извор: Klix.ba