По промовирањето на следната генерација мобилни мрежи во Швајцарија и Велика Британија, третата европска 5G земја е Италија.
Првично, „Водафон“ ќе ја понуди услугата во делови од пет градови – Рим, Милано, Неапол, Болоња и Торино.
Целите на компанијата се мрежата да биде достапна во најголемите 100 градови во земјата до 2021 година, и генерално ќе треба да поминат најмалку 4,5 години за да ја стигне тековната 4G мрежна покриеност.
Уредите кои ќе бидат достапни на почетокот ќе бидат Xiaomi Mi Mix 3 5G, LG V50 ThinQ и Samsung Galaxy S10 5G на крајот од месецот.
Секој корисник може да остане на тековниот план, но ќе мора да доплати 5 евра месечно за да ги користи новите услуги.