Некои постари Apple мобилни уреди нема да добијат надградба оваа година.
Компанијата ги најави најновите итерации на својот мобилен софтвер, за прв пат ослободувајќи го системот за мобилни телефони од системот за таблети. Така, видовме премиера на iOS13 за iPhone, односно новиот iPadOS.
Меѓутоа, за разлика од минатогодишниот iOS12, кој работеше на сите уреди кој ги покрена iOS11, оваа година тоа нема да биде случај.
iPhone XS
iPhone XS Max
iPhone XR
iPhone X
iPhone 8
iPhone 8 Plus
iPhone 7
iPhone 7 Plus
iPhone 6S
iPhone 6S Plus
iPhone SE
iPod Touch (седма генерација)
Со други зборови, моделите како што се iPhone 5S, iPhone 6, iPhone 6 Plus и неодамна заменетиот iPod Touch на шестата генерација, нема да добијат апгрејт на iOS13. Тие ќе останат “заклучени” за iOS12.
Како стојат работите кога таблетите се во прашање? Новиот iPadOS ветува многу интересни можности, но нема да ги добие секој таблет кој имал iOS12. Еве листа на iPad таблети кои ќе добијат iPadOS ажурирање:
iPad Pro (12,9-инчи)
iPad Pro (11-инчен)
iPad Pro (10,5-инчи)
iPad Pro (9,7-инчи)
iPad (шеста генерација)
iPad (петта генерација)
iPad mini (петта генерација)
iPad mini 4
iPad Air (трета генерација)
iPad Air 2
Што се однесува до таблетите, кои нема да добијат нов оперативен систем се оригиналниот iPad Air, како и iPad mini 2. Се разбира, и сите постари таблети.