Шпанија е прва во Европа која ќе воведе 5G услуга во неколку градови во сабота на 15 јуни, во соработка со кинеската компанија Huawei, најави извршниот директор на Vodafone Spain, Антонио Коимбра.
Vodafone Spain ќе лансира 5G услуга во Мадрид, Барселона, Валенсија, Севиља, Малага, Сарагоса, Билбао, Виторија, Сан Себастијан, Ла Коруња, Виго, Гијону, Памплона, Логрона и Сантандер.
Брзината на пренос на податоци ќе се зголеми на два гигабити во секунда (Gbps) до крајот на годината, што е 10 пати повеќе од сегашниот 4G максимум, со намалување на латенцијата на помалку од пет милисекунди во идеални услови.
Шпанската филијала на Vodafone е прва во светот која спровела 5G повик на минатогодишниот Светски мобилен конгрес, а потоа инсталираше 5G мобилни локации во првите шест градови (Мадрид, Барселона, Валенсија, Билбао, Малага и Севиља) по што ја доби фреквенција од 90 MHz во 3,6 – 3,8 GHz широкопојасна мрежа.
Оваа фреквенција во моментов покрива околу 50 проценти од населението во 15-те наведени шпански градови, но ќе биде проширена наредните месеци, објави операторот, додавајќи дека корисниците ќе можат да уживаат во 5G роаминг во Велика Британија, Германија и Италија, почнувајќи од наредниот месец.