Во складиштата на „Амазон“ секогаш ќе имаат потреба од човечки кадар, нагласи Тај Брејди, главен технолог за роботика во таа компанија во интервју за Би-Би-Си.
Компанијата објави дека има распоредено повеќе од 200.000 роботи што работат во магацини на околу 50 локации.
Сепак, и покрај фактот што Амазон инвестира многу во напредната роботика, Тај Брејди вели дека центрите на компанијата никогаш нема да стигнат до точка каде што би можеле да бидат целосно автоматизирани.
-Никако. Ниту еден атом од моето тело тоа не го гледа, рече тој. Начинот на кој размислувам за ова е симфонијата на луѓето и машините кои работат заедно, ви требаат и едното и другото, рече Брејди.
-Предизвикот што го имаме пред нас е – како паметно да ги дизајнираме нашите машини за да ги прошириме човечките способности, рече тој.