Најновото истражување кое го спроведе француската компанија Harris Interactive е засновано на преку 130 илјади сервисни работилници во еден од најпопуларните европски сервисни центри Darty.
Земјите во кои е опфатен најголемиот број од сервисирањата се Германија, Франција и Велика Британија, а во истражувањето не е откриено колку вкупно земји биле опфатени.
Истражувањето ги опфаќа сите модели вратени на сервис во гарантниот рок од две години, а листата со таканаречените најиздржливи телефони, односно телефони кои најмалку се расипуваат е составена врз основа на тоа кои телефони најмалку пристигнувале на сервис, односно над кои е вршен најмал број на поправки.
Според резулатати од ова истражување, телефоните кои најмалку се расипуваат се на Honor, Huawei и Apple, додека останатите производители воопшто не се споменуваат, што значи дека нивните модели почесто биле носени на сервис, односно почесто се расипувале.
Еден од најинтересните заклучоци поврзан со ова истражување е тоа што корисниците сега во просек го менуваат својот телефон на три години, што значи дека доколку телефонот работи добро, хардверски гледано, тогаш причина за замена во краток период нема, затоа што телефоните застаруваат побавно.
Извор: Telegraf.rs