Американската вселенска агенција NASA најави дека од 2020 година ќе почне да организира туристички летови во вселената. Планирани се да се одржат два лета годишно до Меѓународната вселенска станица, со максимален престој во траење од 30 дена.
„Цената на престојот е мала за голем број милијардери. Ноќевањето чини 35.000 долари. Иако изгледа голем износот, сепак светските милијардери дневно трошат многу повеќе за разни будалаштини. Голем дел од трошоците е за одржување на системот за живот и намирници кои треба да се однесат во вселената“, велат од NASA.
Во програмата за испраќање на туристи во вселената е вклучена и приватна компанија, која стои зад модулот Spejs Ekses kru dragon и капсулата Boing CST starlajner. NASA ги открила плановите за примена на комерцијални летови во нискиот дел на Земјината орбита, но и плановите и летовите кои ќе се одвиваат околу Месечината.
„Ова е посебен ден за нас. Одлучивме да отвориме Меѓународна вселенска станица за комерцијални можности какви што претходно не постоеле. Во вселената ќе можат да одат владини астронаути, но и приватни лица“, изјавил Џеф Девит, шефот на финансиите во NASA.
Првиот комерцијален лет на Меѓународната вселенска станица е планиран на почетокот на 2020 година. Планот е еден дел од меѓународната станица да се преуреди, за да може да прима комерцијални модули и капсули.
Астронаутката Кристина Кох вели дека комерцијалниот пат во вселената би бил невозможен без вклучување на приватни компании во целата програма.
.@Space_Station is open for commercial business! Watch @Astro_Christina talk about the steps we're taking to make our orbiting laboratory accessible to all Americans. pic.twitter.com/xLp2CpMC2x
— NASA (@NASA) June 7, 2019
„НАСА и приватните компании мораат да соработуваат за да се постигне заедничката цел, а тоа е вселената да биде достапна за сите нас. Во таа смисла, неопходна е работа со нова технологија, нејзино тестирање и развивање, за да еден ден во вселената се формираат постојани човечки населби“, изјавила Кристина.