Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е доста активна и во последниве неколку недели создаде голем број проблеми за Huawei. На кинеската компанија и е забранета да тргува со американски произведувачи на технологија, и исто така американските власти и го прекинаа и пристапот до Android и апликации на Google Play, пренесува Digital.bg
Американската влада, сепак, даде привремена 90-дневна Android лиценца, која истекува на почетокот на август. Мотивите за сите овие санкции се сложени, но најчесто се поврзани со националната безбедност на САД.
Исклучувањето на телекомуникацискиот гигант од американскиот пазар е само дел од агресивната политика на земјата да се спаси од можната шпионажа од страна на Кина. Сите големи американски компании како Intel, AMD, Qualcomm, Facebook и Google ги почитуваат строго наметнатите санкции од администрацијата на Трамп. Сепак, се чини дека Google има спротивен став и верува дека трговските санкции против Huawei всушност се штетни за националната безбедност.
Причината е дека Huawei е зависен од Android и екосистемот на Google услугите за паметни телефони, а ова е добро за САД. Доколку ситуацијата се промени, тоа може да ја загрози глобалната доминација на мобилниот оперативен систем. На тој начин, Huawei ќе биде принуден да ја претстави својата платформа, која веќе се развива под името HongMeng OS. Премиерата на таквиот производ ќе влијае на монополот на Google на пазарот на паметни телефони, каде моментално нема конкуренција и учествува со речиси 87 проценти.
Google тврди дека доколку Huawei го претстави својот сопствен софтвер за паметни телефони, ќе постојат многу поголеми безбедносни ризици за уредите, пренесува ArsTechnica. Од друга страна, исто така, ќе има конфузија меѓу кинеските потрошувачи, што ќе го оштети имиџот на Android во Кина. Затоа Google смета дека би било подобро да се прекинат трговските санкции, а Huawei, како и што беше случај досега, да ја добие назад лиценцата за Android.
Поврзани артикли