Мобилните уреди се најпосакуваната цел за хакерите, но експертите за безбедност тврдат дека има уште една сериозна закана. Специјалисти на Kaspersky Lab тврдат дека ширењето на малициозен софтвер, развиен за кражба на пари од банкарски сметки на потрошувачите, е зголемен за 60 проценти. Податоците се за првиот квартал од годината и откриваат присуство на околу 30.000 слични напади низ целиот свет. За споредба, 18.500 слични случаи беа забележани помеѓу октомври и декември минатата година.
Експертите на компанијата откриле 30.000 различни модификации на тројански вируси, кои ги нападнале банкарските сметки на 312.235 луѓе. Тестовите на Kaspersky Lab покажуваат дека 58,4 проценти од сите случаи се поврзани со најновата верзија на малициозниот софтвер Asacub. Оваа закана за првпат беше забележана во 2015 година, но во наредните две години програмерите се трудеа да ги подобрат нејзините способности. Само во 2018 година, овој вирус дневно напаѓал по 13.000 банкарски сметки.
Во првиот квартал од оваа година, оваа бројка падна на околу 8.500 на ден, но Asacub и понатаму претставува сериозна закана. Во повеќето случаи, ваквите вируси ги измамуваат корисниците со тоа што програмата изгледа како легитимна апликација за мобилно банкарство, но потоа таа ги копираат доверливите податоци од сметките.