За оние кои трагаат по совршено рамен и пополнет екран на мобилниот уред, Oppo наскоро ќе има решение – невидлива преда камера скриена под дисплејот.
Кинеската технолошка компанија прикажа како ќе изгледа нејзината иновација. Во видеото објавено на Twitter можеме да видиме дека новиот телефон на Oppo нема никакви пресеци, дупки и останати механизми за сместување на селфи камерата. Екранот има можност за прикажување на непрекината слика од раб до раб, а камерата е сместена под него.
„За оние кои бараат совршено доживување на екранот, подгответе се да бидете воодушевени. Имате прилика први да ја видите нашата нова технологија за селфи камера“, објавија од Oppo.
For those seeking the perfect, notchless smartphone screen experience – prepare to be amazed. ?
You are taking a very first look at our under-display selfie camera technology. RT! ? pic.twitter.com/FrqB6RiJaY
— OPPO (@oppo) June 3, 2019
Минатиот месец технолошкиот експерт Бен Гескин прв најави дека Oppo ќе претстави смартфон со скриена камера и како што се покажа, неговите предвидувања се остварија.
Уште не е познато кога ќе пристигне на пазарот смартфонот со оваа нова технологија, но од Oppo најавуваат дека нивните љубители нема да чекаат многу долго.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли