Руските космонаути Алексеј Овечкин и Олег Кононенко при излегувањето во отворената вселена симнаа пешкир што на надворешната страна на Меѓународната вселенска станица висеше десет години.
Стариот пешкир се користел за време на работата на космонаутите во отворената вселена за бришење на скафандерите од нечистотијата, а бил заборавен од руски космонаут пред десет години. Иако беше планирано оваа акција да биде изведена некаде во средината на шестчасовното излегување во отворената вселена, космонаутите одлучија да ја изведат на почетокот затоа што беше повеќе им одговараше.
Космонаутите го спакуваа пешкирот во специјален контејнер во кој ќе биде доставен на Земјата и предаден на стручњаците за понатамошно проучување.
На командирот на МВС Олег Кононенко ова му беше петто излегување во отворената вселеа, а на Алексеј Овчинин прво во кариерата. Космонаутите носат скафандери од новата генерација „Орлан-МКС“, честопати нарекувани и вселенски бродови во мало.
Кононенко и Овчинин имаат задача да монтираат опрема на надворешната страна на МВС, а во рамките на експериментот „Тест“ да земат примероци заради процена на можни површински микрооштетувања на МВС.
Оваа „вселенска прошетка“ е посветена на 85. роденден на првиот човек кој излезе во отворена вселена. Тоа беше советскиот космонаут Алексеј Леонов, кој во 1965 година зачекори во неизвесност и средба со бескрајното пространство од бродот „Восход 2“, потсетува „Роскосмос“.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли