Sony официјално почна со продажба на својот нов топ модел на европскиот континент. Уредот е достапен во повеќе земји, вклучувајќи ги Италија, Холандија, Германија и Велика Британија. За кратко, Xperia 1 ќе биде достапна и во други земји на ЕУ. Цената на паметниот телефон е 949 евра. Корисниците исто така можат да најдат специјална понуда на моделот во Amazon, кој вклучува и подарок microSD картичка со 64GB меморија.
Онлајн синџирите нудат и други опции, како што се Sony WH-100XM3 безжични слушалки, кои чинат околу 38 евра или PD Fast Charger, кој обично се продава за 59 евра, објави GizmoChina. Техничките спецификации на паметниот телефон вклучуваат 6.5-инчен 4K HDR дисплеј со резолуција 3840×2160 и сооднос на екранот од 21: 9. Sony Xperia 1 се напојува со 7-нанометарски Qualcomm Snapdragon 855 процесор, кој е дополнет со 6GB RAM меморија.
Оперативниот систем е Android 9.0 Pie, а батеријата има моќ од 3330mAh. Во задниот дел има тројна камера со оптичка стабилизација на слика и HDR видео поддршка, како и сегментиран сензор од 8 мегапиксели. Вградената меморија е 64GB или 128GB. Звучниците поддржуваат Dolby Atmos, со можност за брзо полнење на батериите. Sony Xperia 1 е достапен во четири бои: црна, виолетова, бела и сива.