Јапонскиот бренд потврди дека сериската варијанта на електричнaта Honda-e ќе користи камери наместо традиционални ретровизори
Ова решение веќе беше видено на првиот концептен модел претставен на саемот во Франкфурт во 2017 година. Тогаш, Хонда немаше планови за сериско производство на моделот, но по фантастичната реакција на јавноста и експертите, јапонците одлучија да влезат во сегментот на мали електрични автомобили.
Од Honda велат дека зад одлуката вака напредно решение да биде дел од финалната верзија има неколку причини. Прво, отстранувањето на класичните ретровизори дава поповолна форма кога станува збор за аеродинамиката, а отпорот на воздухот при движење на автомобилот е понизок за 3,8%. Ова е особено важно за електричните автомобили, бидејќи ја зголемува автономијата на движењето.
Тука е и подобрата прегледност. Камерите ја пренесуваат сликата однадвор во реално време, а благодарение на широкиот објектив, овозможуваат поголема прегледност од класичните ретровизори. Од Honda истакнува дека „мртвиот агол“ така се намалува за најмалку 10%.
Главни конкуренти на Honda-е кога ќе се појави на пазарот треба да бидат Renault Zoe и електричната варијанта на Peugeot 207.
Извор: Додај Гас