На Apple му е одобрен патент за екран на преклоп, кој може да го користат iPhone или други мобилни уреди. Патентот, издаден во вторникот од Американската канцеларија за патенти и трговски марки, опишува електронски уред со дисплеј и капак, кои се флексибилни или можат да се преклопуваат. Барањето е поднесено во јануари 2018 година и е меѓу серијата на патентни пријави кои Apple ги има направено околу идејата за дисплеј на преклопување.

Во минатото, Apple имаше поднесено патенти за флексибилен дисплеј и делови кои се отвораат и затвораат како книга, како и флексибилен iPhone, кој може да се склопи на половина и да  го собере во џеб. Во секој случај, ниту еден од овие патенти не беа комерцијално имплементирани.

Според некои аналитичари, овој пат случајот е различен и е сосема можно наскоро да станеме сведоци на опишаните флексибилни уреди од патентот . Очекуваните рокови се крајот на 2020 или почетокот на 2021 година.