Белград е на прагот на сообраќаен колапс, па се разгледуваат радикални потези
Првите луѓе на Белград барајќи решение за секојдневните сообраќајни метежи на улиците на главниот град на Србија се одлучиле за решение кое веќе постои во многу светски метрополи како што се Лондон, Сингапур и други. Одделот за градски сообраќај објавил тендер за изработка на студија „Управување со сообраќајот во Белград преку модел на тарифирање за пристап до централната зона“, објави изданието „Вечерње новости“.
Тендерот ќе се отвори кон крајот на следниот месец, а избраниот понудувач ќе мора да направи анализа на другите градови со вакво решение за влез во центарот на градот во текот на следната половина од годината. Студијата, исто така, предвидува и анализа на јавното мислење по ова прашање, како и изборот на технологија која е оптимална за условите во центарот на Белград. Се разбира, потреба е и анализа на последиците од воведувањетос на наплатата, како во централната зона, така и надвор од неа.
Студијата се базира на „паметниот“ план за сообраќај до 2033 година, до кога Белград мора да има уредени гланви сообраќајни правци, вклучувајќи две метро и четири железнички линии.