По неколкудневните преговори, Fiat Chrysler предложи “трансформативен” договор за спојување со францускиот ривал Renault.
Ова беше соопштено рано изутринава од италијанско-американскиот производител на автомобили. Предлогот на FCA е објавен по неколкудневните преговори со лидерите на Renault. Предлогот за спојување бил разгледан на состанокот на одборот на францускиот комитет во понеделникот наутро, наведува Reuters.
“Широко и комплементарно портфолио на брендови би овозможило целосна покриеност на пазарот, од луксуз до мејнстрим”, се наведува во соопштението.
Предложениот договор би споил два производители на автомобили во рамките на холандската холдинг компанија.
По исплатата на посебна дивиденда од 2,5 милијарди евра на акционерите на FCA, секоја група би добила 50 проценти од комбинираниот ентитет во новите акции.
Притисокот за консолидација меѓу производителите на автомобили се зголемил со предизвиците кои ги наметнува електрификацијата, затегнување на прописите за емисии на гасови и новите скапи технологии.
Поврзани артикли