Подбрендот на Xiaomi, Redmi го претстави својот најнов достапен телефон – Redmi 7A. Телефонот е директен наследник на Redmi 6A моделот и по ниска цена донесува неколку солидни карактеристики.
Уредот го покренува Snapdragon 439 чипсет и поседува 5.45-инчен HD+ (720 x 1440p) екран со 18:9 однос на страници. Дисплејот исто така е малку закривен од страните. Капацитетот на батеријата е 2GB +16GB простор за складирање и 3GB + 64GB, со можност за проширување преку microSD картичка.
Кога се во прашање камерите, телефонот има 13MP главна камера со PDAF и LED блиц, додека од предната страна се наоѓа 5MP камера.
Смартфонот го напојува батерија од 4000mAh, што на Redmi 7A ќе му овозможи долг работен век со едно полнење. Оперативниот систем од самиот старт е Android 9.0 Pie. Телефонот има 3.5mm приклучок и P2i сертификат за отпорност на прскање на вода.
Информациите за цената и достапноста на Redmi 7A ќе бидат објавени во текот на Redmi K20 презентацијата, која е закажана за 28. мај.
Поврзани артикли