За цена од 1,2 милиони американски долари можете да купите Samsung лаптоп од 2008. година, на кој се наоѓаат шест најпознати малвер содржини во историјата, објави Националниот CERT.
Заразениот компјутер е дел од уметничкиот проект The Persistence of Chaos, кој е резултат помеѓу кинескиот уметник Guo O Dong и компанијата за сајбер безбедност Deep Instinct. Во интервјуто што го даде за Vice, Guo објасни дека причина за создавање на ова дело била желбата за создавање на „каталог на историски закани”.
„Злонамерната малвер содржини се еден од најопипливите начини интернетот да скокне од вашиот екран и да ве гризне”, истакна Guo за Vice и продолжи: „Овие злонамерни малвер содржини делуваат многу апстрактно со своите смешни и страшни имиња, но јас мислам дека тие совршено ја исцртуваат границата помеѓу виртуелниот и вистинскиот простор”.
Deep Instinct се погрижи злонамерните содржини да не можат да се прошират на другите компјутери, оневозможувајќи му спојување на интернет и другите уреди.
Заинтересираните ќе можат да учествуваат во натпреварот уште само три дена, меѓутоа, важно е да се напомене дека и во овој облик компјутерот претставува позначајна закана, а корисникот мора да потврди дека нема намера да шири злонамерни содржини.
Аукцијата можете да ја следите преку пренос во живо на следниот линк.