Претседателот на САД, Доналд Трамп, првпат навести дека случајот со кинескиот телекомуникациски гигант Huawei би можел да биде вклучен во трговските преговори со Пекинг.
„Huawei претставува опасност. Кога гледате што прават тие кога е во прашање бебедноста, од воено гледиште. Многу опасно. Но можно е случајот со „Huawei да се вклучи во трговскиот договор. Ако постигнеме договор, Huawei би можеле да се вклучат”, рекол Трамп, без да наведе повеќе детали.
САД забранија соработка со Huawei без посебна дозвола од владата.
Трговските преговори меѓу САД и Кина засега не дадоа резултати и двете страни една на друга си воведоа нови царини.