Вулканот Попокатепетл, кој се наоѓа во централно Мексико, во близина на Мексико Сити во најновата експлозија исфрли пепел во висона од 3,5 километри кон небото, соопшти службата за цивилна одбрана во земјата.

Вулканот исфрли пепел во средата, по што продолжи да исфрла гасови на висина од 800 метри. Властите ги предупредија жителите да не се приближуваат кон вулканот.

Неговата активност е зголемена по еколошката криза која неодамна се случи во главниот град поради високо ниво на загаденост на воздухот во ова подрачје.

https://youtu.be/-Ty3Sp9rRhw