Властите во Јужна Кореја планираат да се префрлат од Windows 7 на Linux, во сите државни институции.
Причината за таков потег се крие во намерата да се намалат трошоците, односно да се заштеди на плаќање на лиценци. Затоа е одлучено да се префрлат на Linux наместо на Windows 10.
Јужна Кореја е подготвена да инвестира 655 милиони долари во процесот на префрлување од Windows 7 на Linuх. Во таа цена е пресметана и набавката на нови компјутери и опрема за државните служби.
Сè уште не е познато за која дистрибуција корејските власти ќе се одлучат.
Безбедносната проверка би требало да ја одреди верзијата на Linux која е најпогодна за заштита на складираните податоци, како и можноста за непречено и безбедно функционирање на приватните мрежи.
Извор: B92.net