Од денес 21.05.2019 од 12:00 часот до 23.05.2019 до 18:00 часот (вторник, среда и четврток) во Скопје пристигнува FREEDOM TO MOVE караванот во организација на Volvo Cars.
За првпат во Македонија, Volvo ќе се претстави со специјално дизајниран Pop Up Showroom – мини салон кој ќе биде поставен на платото пред Skopje City Mall, во кој ќе биде изложен најпродаваниот модел во моментот: Volvo XC40, a за посетителите и потенцијалните клиенти во текот на сите три дена ќе бидат достапни за тест возење сите модели на Volvo Cars кои се достапни на пазарот и тоа во сите изведби.
Посетителите за првпат ќе имаат можност да се запознаат со новите модели на Volvo: S60 и V60 CC кои ќе бидат во продажба во нашата земја веќе од следната недела.
Тест флотата вклучува:
- V40 D2 Inscription
- XC40 D3 A Momentum
- XC40 T3 Intro
- XC60 D4 A AWD Momentum
- S90 D3 A Business
- S90 D4 A R-Design
- S60 T5 A R-Design
- V60 CC D4 A Momentum
- V60 D3 A Momentum
- XC90 D5 A AWD Inscription