Сложениот процес на пишување наслови за новинаркски статии, за вештачката интелигенција од американската компанија „Прајмер“ претставува сè помал проблем.
Имено, оваа компанија веќе долго време развива вештачка интелигенција, која пишаниот формат може да го обликува како човечки новинар. Овој комплексен процес од неодамна го вклучува и смислувањето на соодветен наслов направен според содржината на самата статија и како што стојат работите – технологијата е сè подобра во тоа.
Вештачката интелигенција на „Прајмер“ досега ги има совладано задачите за собирање информации и пишување на кратки извештаи врз основа на нив, но никогаш не го достигна нивото на креативност што ја имаат човечките новинари кога станува збор за насловите. Насловите се важен елемент од новинарските текстови, но компјутерите и натаму имаат потешкотии во обидот да ги направат точни и прецизни, но и привлечни за читателската публика.
Системот на „Прајмер“ сега може самиот да смислува наслови кои ќе изгледаат како да ги напишал човек. Сепак и натаму не се работи за совршени наслови како на искусни автори и уредници, иако истите звучат многу подобро од кога било досега.
Ова значи дека гледано од перспектива на англиското говорно подрачје, вештачката интелигенција може, за неколку години, сериозно да придонесе во продукцијата на кратки статии и извештаи, но проблемот се јавува кај известувањето на локално ниво поради огромната разлика во говорот и граматиката.