Со ласерско шоу, на 15 мај Ајфеловата кула прослави 130 години од своето постоење.
Со своите 324 метри висина, „Железната дама“ која гордо ја краси француската престолнина е дизајнирана од страна на парискиот инженер Густав Ајфел и изградена за Светската изложба во 1889.
Најпрепознатливата конструкција на Париз е изградена за 2 години, 2 месеци и 5 дена, и меѓу 300 и 450 работници.
Секоја година, околу 7 милиони туристи ја посетуваат Ајфеловата кула, а од 1889 до денес вкупно 300 милиони посетители ја виделе оваа монументална градба.