Точно 50 години по првата мисија на Месечината, чиешто име беше „Аполо“, NASA конечно ќе ја испрати и првата жена која ќе зачекори на Месечината во 2024 година.
Симболично, оваа мисија NASA ја нарече „Артемида“, според името на грчката божица на Месечината.
„Сметам дека е навистина прекрасно тоа што 50 години по ‘Аполо’, програмата ‘Артемида’ ќе ја испрати и првата жена на Месечината“, изјави Џим Брајденстин, директор на NASA.
„Јас имам 11-годишна ќерка и сакам таа да може да се види себеси во улогата на овие жени кои ќе стапнат на Месечината“, додава Брајденстин.
NASA го најави својот план откако доби одобрение за поголем буџет од оригиналниот, па така агенцијата за вселенски мисии ќе може да ја оствари оваа мисија во 2024 наместо во 2028 како што беше првичниот план.
Директорот на NASA е мотивиран и уверен дека агенцијата ќе успее да заврши сè во предвидениот рок.
„Првата жена на Месечината ќе биде Американка, и тоа за 5 години од сега“, изјави Брајндестин за време на Вселенскиот симпозиум во Колорадо Спрингс.