Facebook повторно го менува News Feed и донесува две големи промени

Најголемата светска социјална мрежа не мирува, а сега воведува промени за кои се верува дека им се потребни на корисниците.

Facebook токму сега ги објави апдејтите за својот алгоритам кој одлучува што ни се прикажува на News Feed.

Првиот апдејт приоритетот го става на најблиските пријатели на корисниците, а вториот на линковите за кои смета дека ви се најважни.

Овие промени се резултат на истражувањето кое Facebook го спроведе минатата година, а сите апдејти ќе почнат да се применуваат постепено така што корисниците нема веднаш да почувствуваат некаква промена.

Формулата која што ја користи Facebook за да дознае кои се вашите најдобри пријатели е тајна, но главното се базира на личностите на чии фотографии најчесто се појавувате.

„Оваа промена не значи дека ќе бидете ограничени на објавите на одредените луѓе и не значи дека повеќе ќе ги гледате нивните објави. Всушност на врвот од News Feed ќе ги имате објавите на вашите блиски пријатели“ – тврдат од Facebook.

Извор: Telegraf.rs