Големите градови набргу може да останат без поштари (ВИДЕО)

Една од компаниите во сопственост на ДХЛ почна да испорачува пратки со беспилотни летала, дронови, во јужната кинеска метропола Гуангџоу.

Дроновите со транспортни кутии тежат до пет килограми, а со експресната испорака покриваат површина од осум километри помеѓу две станици.

Проектот за достава со дронови заеднички го водат „ДХЛ-Синотранс“ и кинескиот производител на дронови EHang, што е прв случај каде меѓународната поштенска компанија работи на достави со дронови во Кина.

„Динамиката на брзорастечкиот кинески пазар го прави идеален за ваква услуга“, вели Џек О’Нил, заменик-директор на „ДХЛ експрес“ во Кина.

Линијата е поставена за потрошувачи во областа Сонгшан.

Дронот собира пликови со документи за клиентите двапати на ден, а често, доколку е потребно, ги доставува и во сервисниот центар на ДХЛ.

Дронoт обврските ги завршува за осум, а со автомобил за тоа би биле потребни 40-ина минути.