iPhone 6, iPhone 6 Plus и iPhone SE нема да добијат надградба на iOS 13

Аpple се очекува да претстави нова верзија на својот оперативен систем за паметни телефони на WWDC 2019 конференцијата, која ќе се одржи во јуни. Сепак, сопствениците на некои постари уреди на компанијата нема да бидат надградени со претстојниот софтвер. Тука се вклучени iPhone 6 (2014), iPhone 6 Plus (2014) и iPhone SE (2016). Информацијата се појави на францускиот блог iPhoneSoft, кој паралелно со тоа тврди дека за iPhone 5s, iPad mini 2 и iPad Air исто така не е предвидено да добијат ажурирање на iOS 13.

Од една страна, одлуката на компанијата не е толку изненадувачка, бидејќи само iPhone SE e произведен во 2016 година. Сите други уреди се достапни на пазарот во 2013 и 2014 година, што се чини дека е премногу долго за да биде компатибилна со најновата верзија на оперативниот систем. Тука е моментот да се напомене дека овие модели веќе работат со iOS 12 и изгледа тоа ќе биде последниот нивни голем софтверски „апдејт“. Водечкиот акцент во оваа верзија на платформата се оптимизирањата поврзани со продуктивноста.

Овој фактор ја олеснува значително интеграцијата на iOS 12 кон смартфони со постар хардвер и различни големини. Ситуацијатa со iOS 13 е радикално поинаква, што најверојатно го натерало Apple да ги отстранат горенаведените уреди од листата со компатибилни модели. Платформата ќе предложи Dark Mode режим на системско ниво, како и подобрувања во голем број на апликации, како iMessage, Apple Maps и Health, како и во виртуелната тастатура. Меѓутоа, сите овие карактеристики бараат посилен хардвер.