Социјалната мрежа Твитер објави дека можеби случајно собрала и споделила податоци за локација за дел од корисници кои влегле во платформата преку уреди на Apple. Информациите се наводно добиени од рекламен партнер на компанијата, објави Ројтерс.
Во блог пост, Твитер тврди дека собраните податоци не биле зачувани, туку постоеле на неговите системи накратко. Организацијата ги информирала засегнатите сметки и посочила дека грешката е веќе исправена.
Рекламниот партнер не ги добил податоците на начин што би можел да го компромитира идентитетот на самите корисници, додаде Твитер.
Во оваа фаза не е јасно кога се случило споделувањето на податоците и колку долго, откако социјалната мрежа не открива детали.
Името на партнерот што ги добило информациите исто така не е јавно познато. Твитер не сакаше да објасни како се појавила грешката, туку дека едноставно не успеала да ги отстрани навреме податоците за локациите, додаде „TechCrunch“.